Платформата на албанските партии е несреќен документ изготвен во други држави кој наместо да помогне ја искомплицира ситуацијата, рече Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за вестите на Сител.
Имаме Устав и закон и согласно тоа секоја политичка партија мора да се води кон составување на владата, рече тој.
-Документот во кој што за жал е направен надвор од државава, не давал никогаш позитивни резултати и затоа надвор од тој документ ќе се смогнат сили да оди Македонија напред. Убеден сум дека до 29 јануари ќе се завршат сите отворени прашања, дури и завршување на конститутивната седница и правењето влада, кажа Вељаноски.
Според него, идната недела ќе започнат преговорите за влада, кои успешно ќе завршеле зошто “Ахмети и Груевски согласно своите можности ќе изнајдат решение за создавање влада“.
-Јасно е кажано дека нема можност , ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи продолжување на мандатот на СЈО, имаа доволно време, оваа хибридна ситуација треба да оди во историјата, ни требаат системски институции, а не хибридни, одговори Вељаноски на прашањето дали ќе се прифати платформата и продолжување на мандатот на СЈО, две од основните барања за кои ДУИ кажа дека не се предмет на преговори.
-Нема шанси за менување на Уставот, за СЈО, но за се друго кое е во согласност со Уставот треба да се разговара.
По мое убедување и сознанија од 23 јануари до 29 јануари ќе се затворат сите отворени прашања. По мои сознанија мислам дека ќе се одмота клопчето од другиот понеделник, треба да очекуваме да се расчистат сите прашања, рече Вељаноски.
Според него, може да се случат и нови избори, но нема да има голем ефект.
-За три-четири месеци имаме локални избори, граѓаните се преуморени. Но ако не може да се најде решение, мислам дека изборите се решение, рече тој.