Во Велес занаетчиите го прославија својот заштитник „Св Василиј Велики“

Од:

Во манастирот „Св Димитрија“ кај Велес денеска велешките занаетчии по традиција го прославија празникот „Св Василиј Велики“ – Василица, кој го имаат за свој заштитник.

На прославата беше скршен и празничен колач со париче, информира свештеникот Јани Мулев од Епархијата Повадарска кој го водеше овој традиционален православен христијански обред.

– На празникот по традиција се собраа стотина велешки занаетчии, а најсреќниот на кој му се падна паричето во колачот, догодина ќе биде нов кум на прославата, информира свештеникот Јани.

Велес некогаш бил занаетчиски центар на Македонија со голем број на стари занаети од кои многу изумреле по напливот на модерната технологија. Некои занаети иако во помал обем опстоеле, а почнале да работат и нови занаети и занаетчии, а кои се во согласност со потребите на модерниот пазар. Сепак и покрај се велат велешките занаетчии, оваа традиција за прослава на „Св Василиј Велики“-Василица на 14 јануари секоја година во Велес е постара од сто години.

Би можело да ве интересира

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес