Војниците кои организираа бунт во Брегот на Слоновата Коска постигнаа договор со владата доцна синоќа за решавање на спорот со плаќањето на бонуси, соопшти нивната преговарачка делегација, цитирана од Би-Би-Си.
Договорот меѓу владината делегација, предводена од министерот за одбрана Ален Ришар Донуаи, и бунтовници беше постигнат на преговори во вториот по големина град Буаке.
Претходно војниците воспоставија контрола над влезните и излезните точки во градовите Буаке и Корого во Брегот на Слоновата Коска.