За 14,2 проценти издадени повеќе одобренија за градење во ноември

Од:

За 14,2 проценти е зголемен бројот на издадени одобренија за градење во ноември минатата година во споредба со истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, во ноември се издадени 363 одобренија за градење, а предвидената вредност на објектите изнесува 6.030.217 илјади денари што е за 0,8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 219 се наменети за објекти од високоградба, 54 за објекти од нискоградба и 90 за објекти за реконструкција.

Во најголемиот број случаи односно кај 239 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 124 објекти инвеститори се деловни субјекти.

За овој период предвидена е изградба на 985 станови со вкупна корисна површина од 86 342 м2.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он