УНХЦР: Бегалците и мигрантите умираат поради студениот бран што ја зафати Европа

Од:

Бегалците и мигрантите умираат поради студениот бран што ја зафати Европа, соопшти Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци (УНХЦР), апелирајќи до владите да им помогнат на овие луѓе, наместо да ги враќаат од границите, да ги изложуваат на насилство и да им ги одземаат работите.

– Ситуацијата е исклучително тешка во Грција, изјави портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Кров, додавајќи оти е важно да се спасат човечки животи, а не да се држат до „бирократските аранжмани“.

Портпаролката на УНХЦР, Сесил Пуји истакна дека досега починале пет лица поради ниските температури и оти околу илјада луѓе се сместени во домови и шатори без греење во Грција.

Таа побара преместување на мигрантите и бегалците во подобри засолништа во континенталниот дел на Грција.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Силен земјотрес во Грција