ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ: Не може продолжување на мандатот на СЈО и двојазичност

Од:

Во врска со соопштението на партијата ДУИ, мултиетничката коалицијата „За подобра Македонија“ составена од 25 партии и предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторува и потврдува дека не се согласува, нема да преговара и нема да дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО. Причините досега се образложени повеќе пати во јавноста, а се темелат на заложбата за унитарна држава, заштита на Уставниот поредок, нашите политички заложби изнесени во предизборниот период, Охридскиот Рамковен договор, како и на договорот од јуни-јули 2015-та кој оваа коалиција доследно го почитуваше како што беше договорено и потпишано, и нема намера да го менува, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ по поиставените цели на ДУИ на пЦентралното претстедателство.

Независно на исходот околу составување Влада во следниот период, независно дали ќе се формира нова Влада и кој ќе ја формира, што и да се случи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да преговара ниту пак ќе дозволи промена на уставниот поредок со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО.

СЈО нема никаква врска со правдата, тоа е политички инструмент во рацете на еден центар на моќ и нивните домашни инструменти за уцена на секој политичар кој ќе се бори за националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Македонија, и нејзините граѓани. СЈО е копче кое ќе биде стиснато секогаш кога било кој ќе се осмели да не игра така како што некој од надвор му сервира и диктира.

СЈО е алатка со која се деградира и негира суверенитетот и независноста на македонската држава. СЈО не е независно и непристрасно и нема никаква врска ни со правото ни со правдата. СЈО е инструмент за продолжување на кризата и држење на Македонија во заложништво, и затоа ние никогаш нема да се согласиме Македонија да продолжи да се држи во заложништво и да постои инструмент за дисциплинирање на секој оној кој се бори за заштита на националните и државните интереси. Не дозволувањето за продолжување на мандатот на СЈО не е страв туку храброст и пркос, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски