ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ предлага буџетско финансирање на МРТВ за да има политичко влијание

Од:

Република Македонија од поразениот СДСМ зависи само дали „Евро за Вицето“ и понатаму ќе е задолжителна такса за струмичани, или аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе ја зголеми на „две-три евра за Вицето“ за да искористи максимум од своите сограѓани пред да замине во историјата по локалните избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кога се во прашање неуките егзибиции на СДСМ на тема Радиодифузна такса, јавноста треба да знае дека јавните сервиси насекаде се финансираат независно од државниот буџет за да не се отвори можноста да им се влијае политички.
СДСМ го предлага буџетското финансирање не за да им заштеди на граѓаните по стотина денари на месец, туку за да овозможи свое политичко влијание во МРТВ ако некогаш има прилика да биде власт.

Впрочем, СДСМ тоа и го докажа кога условувајќи во Пржино инсистираше информативната редакција на МТВ да добие уредник назначен од СДСМ, кој ќе ги извршува партиските наредби на аболицираниот криминалец Заев и поразениот СДСМ.
Сепак, сите овие идеи на СДСМ ќе останат само идеи на поразениот СДСМ и нема да го видат светлото на денот.

Народот на 11-ти декември одлучи да му каже Не на СДСМ и неговите бесмислени идеи и политики на кризи и фабрикувања афери. Затоа граѓаните на СДСМ му го нанесоа најновиот пораз после кој резултатот од последните 10 изборни циклуси е 10:0 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, пишуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ