Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) најави дека планира на Марс да испрати ново истражувачко роботно возило (ровер) во 2020 година, во рамките на подготовките на Црвената планета да испрати вселенски брод со екипаж.
Најавата уследи откако НАСА ги објави резултатите од анализите на тлото извршени од роверот „Кјуриозити“ при што на Марс беа откриени траги на некои компоненти кои наликуваат на вода и на кислород неопходни за живот.
Претставникот на НАСА, Чарлс Болден истакна дека администрацијата на претседателот Барак Обама е „одлучна да спроведе амбициозна истражувачка програма на Марс“.
– Со следната мисија ние обезбедуваме Америка да остане водечки светски лидер во истражувањето на Црвената планета, додека спроведува друг значаен чекор кон испраќање на човечки екипаж на Марс 30-тите години од овој век, посочи Болден.