Занаетчиската комора на Република Македонија под покровителство на Министерството за економија денеска ги организира традиционалните Денови на занаетчиство.
По тој повод, министерот за економија Ваљон Сарачини ќе се обрати на централната манифестација на тема „Со организирано занаетчиство до европска иднина“ и ќе ги врачи наградите за најуспешни занаетчии.
Како што е најавено, на „Денови на занаетчиството“ ќе се обратат и министрите за труд и социјална политика Спиро Ристовски и за култура Елизабета Канческа-Милевска.