Снегот го одложи откупот на тутунот во Струмичко

Од:

Поради снегот, производителите од Струмичко не го носат тутунот на продажба иако вратите на откупните центри се отворени.

Како што велат од здруженијата на тутунопроизводители, предавањето на родот ќе продолжи веднаш штом се подобрат временските услови.

– Пунктовите се отворени и работат со регуларно работно време. Така ќе биде до 15 март, иако се очекува годинава откупот да заврши порано. Досега во Струмичко се откупени околу 85 отсто од произведениот тутун, а преостанатите 15 проценти поради отежнатите временски услови производителите не ги носат на откуп, изјави претседателот на здружението „Басмак“ Марјан Трајков.

Досега на ниво на Македонија се откупени околу 15 милиони килограми тутун, а во Струмичко 1.000.000 килограми. Просечната цена е 192 денара за килограм.

Според Инспекторатот за земјоделство, тутунарите кои имаа договори со „Струмица табак“, компанија која годинава не почна откуп, веќе ги предаваат количините на други откупни пунтови.

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски