Кога зборуваме за дизајнот на ентериерот, минимализмот е дефинитивно стил на кој често наидуваме во последно време.
Источните народи, како Корејците, Јапонците и Кинезите, се познати по својот минималистички стил на живот, бидејќи во нивните домови ретко можат да се видат предмети кои немаат употребна, туку само декоративна цел.
За минималистичкиот стил на ентериерот ви треба мебел кој совршено ќе ја следи таа тема, но нема да ве остави без комфор.
Едно парче таков мебел е токму софата на корејскиот индустриски дизајнер Чо Хјунг Суко, која носи едноставно име „Бланк“. Нејзиното име од прилика сосема идеално ја опишува; се работи за софа на која можете да уживата додека пиете чај во текот на денот.
Таа е совршено минималистичка опција за седење, која може да се вклопи во кој било простор, но нејзиниот шарм најмногу ќе дојде до израз ако ја употребите во минималистичко опкружување.
Минималистичка, но во исто време гостопримлива и привлечна, оваа софа ви нуди хармонична рамнотежа на оголеност и удобност.