Кенија се закани со отупуштање на 5.000 лекари-штрајкувачи

Од:

Владата на Кенија се закани дека ќе отпушти од работа над 5.000 лекари, доколку до денеска не го прекинат штрајкот што трае повеќе од еден месец и доколку не се вратат на своите работни места.

Локалните медиуми јавија дека поради штрајкот на лекарите во државните болници, кои со прекинот на работа се обидуваат за издејствуваат зголемување на платите, здравствениот систем на Кенија е пред речиси целосен колапс.

Судот за работнички права вчера соопшти дека издал налози за апсење на седуммина лидери на Синдикатот на лекарите, фармацевтите и стоматолизите, кој е организатор на штрајкот.

Според судијката Хелен Василва, синдикалните лидери се прогласени за виновни поради непочитување на Судот и неговите одлуки.

Казната се однесува на решението на Синдикатот да не ја почитува судската пресуда со која штрајкот беше прогласен за незаконски и се бараше негов прекин.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“