Тачи: Никој од Косово не е поканет на инаугурацијата на Трамп

Од:

Претседателот на Косово,Хашим Тачи, изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Тачи,кој се наоѓа во официјална посета на САД,уште додал дека никој од Косово не е поканет на инаугурацијата на Трамп.

– Државите ќе бидат претставени само од амбасадорите и ни една странска делегација не се поканува за учество, ни од Косово,ниту пак од други земји,-изјавил Тачи,додавајќи дека на приватната цермонија може да уествува секој кој ќе посака доколку набави билет чија вредност е до 500 долари.

Во следните денови од престојот во САД Тачи,ќе оствари средби со функционери на претседателот во заминување, Барак Обама, меѓу кои потпретсеателот Џо Бајден како и републикански и демократски сенатори.

Тој најавил дека во Вашингтон ќе обезбеди контакти и со функционери од идната администрација,која ќе ја предводи Трамп.

Претходно за косовските медиуми од Алијансата за иднината на Косово потврдија дека официјална покана за инаугурацијата на новиот американски претседател има нивниот лидер Рамуш Харадинај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња