ЈП Струмица-Гас ја демантира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Директорот на ЈП Струмица-Гас, Зоран Китанов ги демантира тврдењата изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната прес конференција на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, исто како и во весникот Вечер изнесени се лаги и измислици за работата на Ј.П Струмица – Гас поради што бараме извинување и од Костовоски и од весникот Вечер.

Информираме дека од 2012 година ,откако е склучен договорот со добавувачот на гас, по меѓународниот тендер, до денес Ј.П Струмица – Гас има купено гас во вредост од 708.000 евра.
Тоа значи дека е лага апсурдното тврдење дека добавувачот од договорот со Ј.П. Струмица – Гас заработил 2.5 милиони евра.

Исто така конструкција е споредбата дека Ј.П. Струмица – Гас набавува гас по 24 денари за метар кубен, за разлика од ЕЛЕМ којашто купувал гас по 13 денари за метар кубен. Повторуваме дека Ј.П. Струмица – Гас користи ЦНГ (компресиран природен гас), којшто за да се добие мора да се компресира,транспортира,декомпресира, што не е исто со набавка на гас од цевка.

Јавно повикуваме, доколку ЕЛЕМ може да ни продаде компресиран гас за 13 денари по кубен метар, да го сторат тоа.

Очигледно е дека сите досегашни измислени текстови во весникот Вечер се нарачка на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 10 години не успеја да им обезбеди гас на граѓаните на Република Македонија, додека Ј.П. Струмица – Гас тоа им го овозможи на граѓаните на Струмица.

Бараме извинување од Котевски и објавување на Демнатот од страна на весникот Вечер и медиумите што ќе ги пренесат нивните лаги, пишува Китанов.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица