Венецуелскиот претседател ја зголеми минималната плата во земјата

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја зголеми за 50 отсто минималната плата и пензија во земјата, петти пат за една година.

Целта на ваквата одлука на Мадуро е да бидат заштитени работниците од највисоката инфлација во светот.

Шефот на државата вчера изјави дека месечната плата ќе достигне до вкупно 104.358 боливари, или околу 30 долари на црниот пазар. Минималната плата е зголемена за 40.683 боливари.

Мадуро ја најави оваа мерка во момент кога се обидува да ја убеди опозицијата, која има мнозинство во Парламентот, да се откаже од обидите да го собори од власт и да го продолжи учеството во преговорите со посредништво на Ватикан за надминување на политичката и економската криза во Венецуела.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски