Најуспешната спортистка на Словенија, светска и олимписка шампионка, Тина Мазе, на Похорје ја заврши својата кариера.
Тима Мазе (33), на велеслаломот за традиционалната „Златна лисица“ застана непосредно пред целта, ги изведи скиите и влезе во целта. Мазе во Светскиот куп победила на 26 трки, има 81 пласман на победничкиот пиедестал, а во 2013 година го освои големиот кристален глобус.
Мазе има освоено четири олимписки медали, два златни во Сочи во 2014 година во спуст и велеслалом и два сребрени во Ванкувер во 2010 година во супервелеслалом и велеслалом.
На светските првенства има освоено пет златни и четири сребрени медали.