Стох победи во Бишофсхофен и ја освои Новогодишната турнеја

Од:

Камил Стох од Полска победи на последната станица на Новогодишната турнеја, скокалницата во Бишофсофен, и го освои првото место во вкупниот пласман на престижното натпреварување во ски скоковите. Трагичар во Бишофсхофен е Норвежанецот Даниел-Андре Танде, кој беше лидер по првите три скокалници.

Стох во Бишофсхофен ја забележа првата победа сезонава со скоковите од 139 и 138,5 метри. Тој победи во вкупниот пласман, откако претходно во Оберсдорф и Гармиш беше втор, а во Инсбрук го освои четвртото место.

Стох стана вториот полски ски скокач кој победил на Новогодишната турнеја. Претходно тоа му успеа на Адам Малиш во 2001 година.

На последната скокалница зад Стох се пласираа Михале Хајбок од Австрија и Пјотр Зила од Полска. Зила во вкупниот пласман го освои второто место, со што го надополни успехот на Полска. Трет во генералниот пласман беше трагичарот Танде.

Норвежанецот по првата серија се наоѓаше на третото место, но имаше лош скок од само 117 метри и на крајот заврши како 26-ти.

Победата на Новогодишната турнеја му недостасуваше на Стох за да ја заокружи серијата на успеаси во кариерата, тој е светски првак и двоен олимписки шампион од Сочи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ