Водата на Марс многу потешка отколку на Земјата

Од:

Резултатите од првата комплетна анализа на примероците на Марс што ги направи роверот Curiosity покажуваат дека се пронајдени материи што содржат вода, сулфур и хлор.

Водата на Марс се покажала значително „потешка” отколку онаа на Земјата, бидејќи во неа има многу повеќе од тешкиот изотоп на водородот – деутериум.

Раководителот на групата научници Пол Мехафи вели дека резултатите потекнуваат од истражувањето на примероците од почвата собрани од мал песочен нанос, којшто научниците на американската агенција за вселенски истражувања НАСА го нарекоа Rocknest.

Според Мехафи, научниците во примероците пронашле водена пареа, јаглерод диоксид, кислород и сулфур диоксид. иако водата во примероците изнесувала само неколку проценти, тоа било доволно да се спроведе изотопска анализа.

Тој истакна дека проучувањето на изотопскиот состав на древните примероци ќе помогнат да се разбере каква била концентрацијата на деутериум во дамнешното минато на Марс. Севкупното проучување на соодносот на обичниот водород и потешкиот негов изотоп – деутериумот (во чии атоми има дополнителен неутрон) ќе овозможат подобро да се разбере еволуцијата на атмосферата и хидросферата на Марс.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ