Хоџај: Приштина ќе ги преоцени своите односи со Србија по апсењето на Харадинај

Од:

Министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај синоќа изјави дека неговата земја веќе презела соодветни мерки против соседна Србија и тоа повторно ќе го стори во иднина, откако поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај беше уапсен во Франција по потерница издадена од Белград, пренесоа британските медиуми.

Апсењето на Харадинај, командант на ОВК од војната во 1998-1999 година на Косово, и косовски премиер во 2004-2005 година, во средата на аеродромот во Базел, ги зголемува тензиите меѓу двете балкански соседни држави, забележува БТА.

Косово во 2008 година ја прогласи својата независност од Србија. Двете земји сакаат да се приклучат кон Европската Унија, но Брисел соопштува дека прво треба да ги нормализираат своите односи.

Косовските опозициски партии повикаа на прекин на преговорите меѓу Белград и Приштина со посредништво на ЕУ.

-Вчера ние презедовме реципрочни мерки со српскиот претседател Томислав Николиќ и тоа повторно ќе го направиме во иднина, изјави Хоџај пред новинарите во Приштина. „Треба да има ревизија на нашите односи со Србија и ревизија на дијалогот“, додаде тој.

Хоџај изјави дека Србија издала и други меѓународни потерници за апсење на косовски државјани, ограничувајќи го нивното патување во странство.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина