Во хотелот „Језеро“, кој се наоѓа на брегот на Бохињско Езеро, вчера избувна пожар, поради што се евакуирани околу 100 странски и домашни гости, како и членови на персоналот, пренесуваат словенечките медуми.
Засега нема информација за повредени во пожарот, ниту е позната причината, а гостите од хотелот се префрлени во блиските хотели.
Поради огнената стихија затворен бил патот од Рибчев Лаз, а на самото место веднаш пристигнале полицијата, спасувачките служби и пожарникарите.
Во пламен бил горниот кат од хотелот и покривот, поради што објектот ќе биде затворен, а на жителите од околните куќи им е наложено да не ги отвораат прозорците поради густиот чад.
Хотелот располага со 71 соба и пет апартмани, а меѓу гостите имало државјани на Хрватска, Србија, Русија, Германија, Австрија и Словенија.