Поранешната претседателка на Основниот суд Скопје 1 Лидија Неделковска е избрана за прв човек на Врховниот суд на Македонија.
За Неделковска гласале сите 13 присутни членови на денешната седница на Судскиот совет. Покрај неа, кандидати за претседател беа и Ристо Катавеновски, Фалик Арслани и Милка Стефкова, сите судии во Врховниот суд.
Судијата Владимир Панчевски е избран за нов претседател на Основниот суд Скопје 1, а Стојанче Рибарев за претседател на Апелацискиот суд во Штип.