САД: Сите беспилотни летала се на број

Од:

Не ни фалат беспилотни авиони на Блискиот исток и покрај тврдењата на Иран дека заплениле американски разузнавачки авион, изјави порпаролот на Петата американска флота, стационирана во Бахреин, цитиран од американските медиуми.

Иранската државна телевизија денеска соопшти дека иранските револуционерни Гардисти фатиле американски беспилотен авион, што навлегол во иранскиот воздушен простор во реонот на Персискиот залив.

Според портпаролот Џејсон Салета, сите американски беспилотни авиони во регионот „се на број“. Тој под сомнение го стави иранското тврдење дека авионот „СканИгл“ го нарушил воздушниот простор на Иран, подвлекувајќи дека американските операции во Заливот се извршуваат „во граници на меѓународно признатиот воден и воздушен простор“.

Портпаролот посочи дека во минатото авиони од овој тип исчезнувале во морето, но во последно време немало такив тип инциденти.

И други земји во регионот на Заливот, вклучувајќи ги и Обединетите арапски емирати, располагаат со беспилотни авиони „СканИгл“, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји