Помалку претстави и публика, детските театри најпосетени

Од:

Бројот на прикажани претстави во професионалните театри  во периодот 2011/2012 година, во споредба со периодот 2010/2011 година, е намален за 7,8%, а на посетители за 30,1%. Просечниот број на посетители на една претстава изнесувал 244, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади, пак, е зголемен за 17,6%, а на посетителите е зголемен за 34,2%.

Аматерските театри прикажале за 31,5% помалку претстави, а имале и за 44,7% помалку публика.

Намалување на бројот на концерти и на посетителите е евидентиран и кај Филхармонијата.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2011/2012, во споредба со 2010/2011, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти), и на бројот на посетителите.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање