Иран „фати“ американско беспилотно летало над Персискиот залив

Од:

Иран „фати“ американско беспилотно летало бидејќи влегло во иранскиот воздушен простор, соопшти денеска иранската Револуцонерна гарда.

-Американското беспилотно летало, што патрлирало над Персисикиот залив, вршело извидување и собирало податоци, фатено е веднаш по влегувањето во иранскиот воздушен простор, соопшти иранската елитна единица, а пренесоа светските агенции.

Коментар од американската морнарица, чија база се наоѓа во Бахреин, засега нема.

Ел Алам, иранската државна телевизија, прикажа снимка на која двајца мажи покажуваат по огромна мапа на Персискиот залив и патот на влезот на леталото во воздушниот простор на Иран.

Во соопштението се наведува дека леталото му припаѓало на типот „ScanEagle“, односно дека е тоа мини беспилотно летало што го произведуваат компаниите Боинг и Инситу Груп.

Детали за начинот на фаќање на леталото не се соопштуваат.

Доколку се покаже за точно, ова ќе биде третиот инцидент во последните две години во кој се вклучени Иран и американските беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји