Околу 160 лица избегале од затвор на Филипините по нападот од муслимански бунтовници врз објектот, кој се наоѓа во јужниот град Кидапаван.
Ова е едно од најмасовните бегства од затвор изминатите години во земјата.
Најмалку шест лица се убиени во престрелката, која почна кога десетици вооружени мажи рано изутринава го нападнаа затворот.
Шестмина од избеганите затвореници се фатени, а армијата и полицијата трагаат по останатите, изјави претставник на полицијата.
Во затворот казна отслужуваат околу 1.500 лица, а меѓу нив и членови на локални бунтовнички движења, обвинети за бомабшки напади во провинцијата.