Првото бебе во Струмица во Новата 2017 е женско

Од:

Првото новороденче во 2017 година во Струмица е женско. Бебето е родено во 01:25 часот по полноќ, тешко е 3.150 грама, а на свет го донесе мајката Ирена Вразхова од Пиперево. Породувањето го изврши д-р Дончо Москов.

Од Општата болница од Струмица информираат дека во текот на ноќта имале само четири лица, кои во алкохолизирана состојба побарале помош, што според нив е многу пониска бројка во споредба со претходните години.

Од Итната помош информираат дека од 8 часот утринава до 13 часот примиле над 186 пациенти.

– Итната помош е преполна со пациенти со грип, вирози. Вакво нешто не паметиме со години. Се случувало во една смена да има максимум до 150 пациенти, а ние само во една смена имаме повеќе од 350, потврдија од Итната помош.

Новогодишната ноќ поминала спокојно и за противпожарната служба. Оттаму велат дека немале интервенции во ноќните часови, само во текот на утринските кога излегле на терен да гасат запален оџак.

Интервенции на запалени оџаци имало и вчера, а пожарникарите гаселе и запален автомобил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите