Мирна новогодишна ноќ во Крива Паланка

Од:

Празничната новогодишна ноќ во Крива Паланка мина мирно и без речиси никакви проблеми.

Од итната медицинска помош не бележат никакви интервенции за инцидентни случаи.

– Во текот на ноќта имавме повеќе прегледи на лица заболени од грип. Ова се вообичаени случаи, зачестени периодов. Само едно лице се јави за преглед и санација на повреда, посекотина настаната од кршење стаклена амбалажа. Во овој случај станува збор за мали, површински посекотини за кои немало потреба да интервенираат вработените од Хирруршкото одделение, информираат од Итната медицинска помош при Здравствениот дом „Академик проф. д-р Димитар Арсов“ од Крива Паланка.

Според податоците од Итна медицинска служба, помош побарало и едно лице кое испило поголема количина алкохол, но не станува збор за нешто посериозно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка