Циклус филмови на Тарковски во Кинотека

Од:

Со филмот „Соларис“ од 1972 година, Кинотеката на Македонија вечер почнува циклус филмови на рускиот режисер Андреј Тарковски, кој свечено ќе го отвори актерката од неговиот филм Наталија Бондарчук.

„Соларис“ е снимен според истоимениот научно-фантастичен роман на Станислав Лем и, според филмската критика, е веројатно најдоброто остварување на Тарковски, во кое слично на Кјубриковиот пристап во „Одисеја: 2001“, тој интелектуално третира метафизички проблеми. Во 1972 година, филмот ја доби наградата на Големото жири на Канскиот филмски фестивал.

Во филмскиот циклус до 9 декември ќе бидат прикажани и „Сталкер“ (1979), „Андреј Рубљов“ (1966), „Ивановото детство“ (1962), „Огледало“ (1974) и документарен филм за снимањето на „Соларис“. Ќе биде  промовирана и книга „Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А.А. Тарковски“ од Атанас Чупоски, издание на Кинотеката.   Петте филмови ќе бидат прикажани и во Центарот за култура во Битола, од 6-ти до 11 декември.

Циклусот филмови на Андреј Тарковски е реализиран со помош на Рускиот културно-нформативен центар во Софија, Руската амбасада во Скопје, Филмскиот фонд на  Македонија и Центар за култура – Битола.

Наталија Бондарчук (1950) дипломирала на катедрата за филм во Москва, а дебитирала во 1970 година во филмот „Езеро“.  Светска слава  добила во 1972 година со улогата на Хари во култниот научно-фантастичен филм „Соларис“.  Како режисер и сценарист Бондарчук дебитирала во 1975 со филмот „Несреќната мајка“.  Во приватниот живот, Наталија е во брак со актерот и режисерот Николај Петрович Бурљаев, познат по улогите во „Ивановото детство“  и „Андреј Рубљов“ на Тарковски.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ