Полјакот заради кој беше приземјен авион кој леташе над Прага е во притвор

Од:

Сите 159 патници во авионот од летот Лас Палмас во Шпанија до Варшава, кој вчера вечер беше принудно приземјен во Прага, заради еден од патниците кој се заканувал со бомба, веќе одлетале од Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Мажот кој се заканувал, од полска националност, за кој чешкиот министерот за внатрешни работи Милан Хованец изјави дека е со нарушено психичко здравје се наоѓа во притвор.

– Неговото однесување, полицијата го оквалификува како кривично дело загрозување на воздушниот сообраќај и предлогот ќе биде предаден на јавниот обвинител, изјави портпаролката на полицијата за странци Катерина Рендлова.

Рендлова додаде дека тој не бил агресивен, но бидејќи не соработувал со полицијата, врз него била употребена сила за да биде притворен.

Во Чешка, сличен настан се случи во 2006 година кога во авион кој летал од Москва за Женева, Русин под дејство на алкохол се обидел да ја смени трасата на летање кон Каиро и исто како и 68-годишниот Полјак се заканувал со бомба.

Иако претходно беше под обвинение за киднапирање, Русинот на крајот беше осуден на 2,5 години затвор за загрозување на безбедноста на авионот.

За време на траењето на судскиот процес, рускиот државјанин кој сега веќе е на слобода бидејќи поголемиот дел од казната ја отслужи во притвор, доби азил во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница