Патниците од авионот, што доцна синоќа принудно се прземји во Прага поради закана за поставена бомба, полета утринава за Варшава.
– По спроведената истрага беше утврдено дека во авионот не е пронајдена бомба, изјави Марика Јаноушкова, претставничката на аеродромот „Ризине“.
Виновникот за инцидентот, е 68-годишен маж од полска националност, кој се заканувал со активирање на експлозивна направа и бил онеспособен од полицијата по слетувањето.
– Најверојатно се работи за маж, со нарушено здравје, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец.
Во авионот патувале 162 патници.