ВИДЕО: Повредени и уапсени во општата буна во Словенија

Од:

Повредени и уапсени, ова е епилогот  од синоќешните судири меѓу  полицијата и демонстрантите  во Марибор.
Повредени се 24 лица, а уапсени  се 140 учесници во протестот.

Во Марибор, каде што се собраа околу 10.000 демонстранти на протестите против градоначалникот, Франц Канглер поради обвиненија за корупција, но и против сите политичари што се на власт во Словенија, дојде до насилство и судир на демонстрантите со полицијата.

Полицијата реагирајќи на фрлањето со шишиња, петарди, камења и факели на општинската зграда, почна да ги потиснува демонстрантите и побара од нив да завршат со протестот.

Полицијата фрли и солзавец за да ги растера демонстрантите.

Протести имаше  во речиси сите словенечки градови. Во Целје 10 демонстранти се приведени, а протестите  во сите словенечки градови веќе беа најавени како „побуна и општонародно востание“. Демонстрантите бараат оставки од сите политичари, без исклучок. Протестите продолжуваат и следните денови.

Демонстрантите изразија увереност дека изборот на Борут Пахор за нов шеф на државата нема да промени ништо.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија