(ВИДЕО) БЕСА побара да не се верификува мандатот на Тарчуловски

Од:

Движењето БЕСА на конститутивната седница побара од пратениците да не го верификуваат мандатот на Јохан Тарчуловски.

– Загрижен сум што денеска во Собранието станува пратеник и некој кој што од Хашкиот суд беше осуден за злосторство кон албанските цивили во 2001 година. Апелирам до ова Собрание да не го верификува мандатот на овој пратеник, рече Зеќирија Ибрахими, пратеник од БЕСА.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во реплика одговори дека доколку се направи список кој кому не му се допаѓа во Собранието тој список би бил многу долг и рече дека Собранието е составено од волјата на граѓаните.

– Би сакал да потенцирам дека изборната кампања заврши, тоа беше период во кој што можеше да се даваат политички квалификации, мислам дека Собранието има одговорност пред сите граѓани да работи конструктивно, и пратениците да се научат да разговараат помеѓу себе и да ги наоѓаат работите кои ги поврзуваат, рече Димовски.

Претседавачот на седницата, Трајко Вељаноски рече дека не е прашање дали некому му се допаѓа или не тоа што некој е пратеник и му се верификува мандатот.

Мандатите на новиот собраниски состав беа верификувани од речиси сите пратеници, единствено БЕСА не гласаше, а пратениците од ДПА не се појавија на конститутивната седница.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули