Декоративна колекција на огледала и светилки

Од:

Повторно оставајќи ја јавноста без здив со своите необични производи, лондонската фирма „Нир Меири“ претстави свои огледала кои доаѓаат со прекрасни светлосни предмети.

Наречени „Двојни огледала“ и „Црн лебед“ овие функционално декоративни предмети доаѓаат заедно во колекција со симпатично име „Различно од обичното“, а за секој нејзин дел, конечниот дизајн ја истражува иновативната игра со традиционален мебел и куќни предмети.

Во сегментот на колекцијата „Двојни огледала“, студиото „Нир Меири“ дизајнира предмети кои вертикално се истакнуваат на рефлективни површини позиционирани едни над други, создавајќи на овој начин многу необични и иновативни конфигурации.

Огледалата се позиционирани под различни агли, за да се создаде истовремено разновидна перспектива.

Во комбинација со камен, метал и стакло, предметите се наметнуваат со изборот на боите, геометриски јасните линии и текстури. Навистина, за да се истакне убавината на рамките на секој поединечен предмет, колекцијата нуди двоколоритни верзии со структурна поддршка направена од варовник и од црвен камен.

За оваа колекција, финалниот дизајн е резултат на блиско набљудување на карактеристичните движења на црните лебеди.

Всушност, флексибилноста на овие огледала и светлосните карактеристики ги имитираат движењата на овие посебни птици при вртење на нивните глави, создавајќи притоа природен тек кој исто така се рефлектира и во самата проекција на светлата.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска