Демократскиот сојуз оценува дека и по осум години Ѓорге Иванов продолжи да држи партиски говор ,делејќи го народот и праќајќи пораки на осуда кон сите што поинаку размислуваат и се залагаат за владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите.
Отворање “војна” против таканаречениот внатрешен и надворешен непријател е манир на еднопартискиот систем и покажува дека ниту Ѓорге Иванов ниту пак било кој друг од владејачката партија е подготвен да прифати одговорност за кризата во која е вовлечена Македонија, а уште помалку да ја респектира определбата на над 612.000 граѓани кои се определија за промени.
За помирување, обединување и сполотување сме сите, но не и за помилување и аболиција на тие што ја срушија државата.
Претседателот треба да е репрезент на сите граѓани, објективен, праведен и државник, а не партиски гласноговирник, реагираат од Демократскиот сојуз по говорот на Ѓорге Иванов.