Откако Нокиа објави оглас дека бара експерти за Линукс, многумина тоа го протолкуваа како сигурен знак дека компанија планира да премина на Андроид оперативен систем. Сепак, тоа нема да се случи.
Шефот за односи со јавност Даг Доусон, конечно стави крај на шпекулациите преку Твитер, и објасни за што се работи.
Огласот во кој бараат експерти за Линукс, е поврзан со неодамна лансираната платформа „HERE Maps“. Тие услуги Нокаи ќе ги понуди и за Андроид, и за iOS оперативен систем.
Нокиа и понатака останува лојална и верна на Виндоус оперативниот систем за мобилни телефони.