Камерниот оркестар на Битола вечер ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, годинава со наслов „Џејмс Бонд Симфонија“.
Од Центарот за култура-Битола информираат дека станува збор за музичка понуда која предизвика голем интерес во повеќе македонски градови, серијал концерти, кои завршуваат вечер со новогодишен концерт.
– Во големата сала на Центарот за култура ќе настапат триесеттина музичари и артистите солисти Наде Талевска, Мики Секуловски, Ирена Димовска и Нина Јанева. Музичкиот избор инспириран од музиката во филмовите на Џејмс Бонд е прифатлив за публиката и атрактивен и затоа влезниците се распродадени, информираа од секторот за односи со јавност на националната установа.
Камерниот оркестар на Битола годинава регистрира повеќе успешни настапи, а приреди и летна концертна турнеја во Штип, Кавадарци и Скопје.