Десетта јубилејна археолошка изложба „Декада на активирање на археолошките ресурси на Република Македонија“, ќе биде отворена денеска во Археолошкиот музеј на Македонија.
На изложбата ќе бидат презентирани најзначајните пронајдоци од повеќе локалитети: Скупи, Таор, Старо Бонче, Археолошки катастар, Локвени, Маркова Кула, Корешница, Исар Марвинци, Кокино,… Ќе има и пронајдоци од Градиште, Младо Нагоричане, Билазора, село Кнежје, Стоби, Велешко Кале, Вардарски Рид, Баргала, Исарот Штип, Цареви Кули, Хераклеја Линкестис, Стибера, Зрзе, Трескавец, Висока, Пелагонија, Плаошник, Самоилова Тврдина и Тетовско Кале.
Изложбата ја организира Управата за заштита на културното наследство, која во изминатите десет години ги координира капиталните проекти во археологијата на Македонија, со поддршка на Владата.
За една деценија, информира Управата, се реализирани 40 проекти во сите делови на Македонија.
Во рамки на теренските археолошки истражувања, третирани биле околу 1000 археолошки локалитети при што се откриени повеќе од 500 илјади археолошки артефакти.