Циклонот Урд, кој го погоди крајбрежјето на неколку скандинавски земји остави без струја над 70 илјади лица во Норвешка, јави ТАСС.
Циклонот најмногу ги погоди јужните и западните области на Норвешка, пред се Ходалан и Согн ог Флоране, но проблеми со снабдувањето со струја имаше и во Осло. Засега нема податоци за настрадани лица.
Циклонот достигна сила на ураган. Долж западното крајбрежје на Норвешка просечната брзина на ветрот беше 32 метри во секунда, а на одредени места тој достигна и до 45 метри во секунда. Според метеоролозите јачината на ветрот се намалува.
Во Норвешка и Данска делумно е обновено движењето на фериботите. До изутринава се затворени сите летови на домашни релации на западното крајбрежје во Норвешка, а на најголемите аеродроми во земјата има доцнење на летовите.