Поскапуваат горивата за половина денар

Од:

Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 80,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 – 82,00 денари за литар и на Еуродизел 73 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар и ќе изнесува 62 денари за литар, а на мазутот цената се намалува и ќе се продава по 42,241 денар за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 110,05 долари за барел и е за 1,54 проценти повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 47,6 денари и е за 1,16 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Од полноќ нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Нови цени на горивата

Поевтинуваат дел од горивата