Во пресрет на новогодишните празници денеска Дедо Мраз симболично ќе пристигне со транспортен воен хеликоптер од составот на ВБР на аеродромот „Александар Велики“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Припадниците на Воздухопловната бригада (БВР) на АРМ, традиционално организираат церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници на ВБР и на деца на припадници на ВБР и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.