Втора година по ред управата на националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово на пригодна свеченост награди 30 свои најдобри читатели со пофалница и книга.
– Навистина имавме тешка задача од околу 6.000 членови колку што имаме да ги одбереме најдобрите 30. Тоа беше направено врз основа на статистичките податоци што ги водиме во библиотеката за бројот на изнајмени и прочитани книги од секој член. Наградите се скромни и симболични, но очекуваме дека ќе ја зголемиме мотивираноста и на наградените, како и на оние што не добија награда оваа година и во ова време на интернет да бидат заедно со книгата што почесто, изјави вршителот на должност директор на библиотеката Махи Муртезани.