Хуманитарната манифестација „Дедо Мраз на мотор“ во Куманово

Од:

Мото клуб „Мечки“ и годинава по деветти пат ја организираше хуманитарната манифестација „Дедо Мраз  на мотор“ во Куманово.

Членовите на мото клубот и нивните колеги од клубовите од градовите од Македонија и Србија денеска донираа новогодишни пакетчиња за корисниците на услугите на Дневниот центар за деца со посебни потреби, лоциран кај градинката кај поранешната фабрика „Чик“.

– Апелирам до граѓаните кои имаат можност да донираат за децата во Дневниот центар, бидејќи помош е неопходна не само за дневниот центар, туку насекаде на лицата со попреченост, изјави Виктор Михајловски од Мото клуб „Мечки“.

Од Дневниот центар за деца со попреченост изразија благодарност за донацијата. Ваквото дружење на децата со моторџиите е веќе традиционално и освен пред новогодишните празници се реализира постојано во текот на годината.

Центарот функционира дванаесет години и услугите ги користат 28 деца од кои тројца  се на адаптивен период.

Надлежните од Центарот истакнаа дека имаат одлична соработка со сите чинители во локалната заедница, бизнис заедницата, невладини организации, со цел полесна инклузија на децата со попреченост во општеството.

За корисниците се грижи стручен тим од психолог, педагог, дефектолог, социјален работник, медицинска сестра и физиотерапевт.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска