Европската комисија одобри дополнителни 48,2 милиони евра вонредно финансирање за Бугарија од Европскиот фонд за азил, миграции и интеграција и од Фондот за внатрешна безбедност, јави БТА.
Бугарското Министерство за внатрешни работи ќе добие 36,2 милиони евра за подобрување на управувањето со границите, вклучувајќи и за купување техника за набљудување на границите, на граничните премини и за подобрување на компјутерските системи на граничната полицијата.
Други 12 милиони евра ќе бидат искористени за дополнително подобрување на контролата со приливот на мигранти и бегалци.
Одлуката за отпуштање на оваа сума е дополнување на спогодбите за грантови меѓу ЕК и Бугарија, со кои на земјата веќе и беа доделени финансии во износ од 101 милион евра.