Марк Цукерберг го претстави својот нов домашен помошник, а тоа е гласовната програма „Џарвис”, озвучена со препознатливиот глас на Морган Фримен.
Сопственикот на „Фејсбук“ се пофали со тој проект неколкупати на својата социјалната мрежа.
На објавените видеа, тој преку гласовни команди го контролира осветлувањето во својот дом, температурата, па дури и тостерот.
„Џарвис” го доби својот назив по својот урнек во научнофантастичниот филм „Железен човек”, што исто така беше „озвучен“ од Морган Фримен.