Во местото Сонома во близината на Сан Франциско, се наоѓа вилата „Медоу Хаус“, кој се карактеризира со модерна естетика и уникатен изглед, кој е својствен за вилите сместени на калифорнискиот брег.
Куќата, која е дело на студиото „Малколм Дејвис Архитекчр“, е поделена на два одвоени дела со што е обезбедено разграничување на дневниот од приватниот простор.
Во едниот дел од куќата се сместени дневната соба, кујната, трпезаријата и останатите заеднички простории, додека во другиот дел се наоѓаат главната и гостинските спални соби.
Двата дела на куќата се поврзани со застаклена патека од која се пружа поглед кон Тихиот Океан.
Во ентериерот на куќата доминира палета на неутрални бои, а целата внатрешност е исполнета со мноштво елементи за декорација и со изобилство на природна светлина, која совршено го оформува нејзиниот лежерен амбиент.