Во градот Ринебек во американсакта сојузна држава Њујорк се наоѓа куќата „Ин оф Екс“, која претставува експеримент во просторот, неспецифичен за домовите во предградијата.
Куќата, изградена во шумовиот предградие на Ринебек, претставува експериментален обид за спојување на внатрешните форми во нов вид станбена единица.
Доминатен градежен материјал во куќата се дрвото од махагони и бреза, каменот и стаклото.
Ентериерот на куќата е замислен како компромис меѓу софистицираните површини, кои се испресечени со скалести трапезоиди со што се создава слоевит внатрешен свет.
Куќата има сопствено геотермално греење и со енегрија се снабдува преку соларни колектори, со што е енергетски целосно независна од околината.