Меѓународен тим од астрономи ја претставија најголемата мапа на видливата Вселена, која содржи податоци за три милијарди ѕвезди, галаксии, планети и други вселенски тела.
Во проектот на изработка на мапата, наречен Пан-СТАРРС, учествуваа десет институции, меѓу кои и Универзитетот во Хаваи, НАСА и институтот „Макс Планк”. Како основен инструмент во изработката на мапата послужи 1,8-метарскиот телескоп на хавајскиот остров Мауи.
Астрономите го скенирале небото 60 пати, а целта била – да се видат објекти като астероиди, кои можат да бидат закана за Земјата.
Мапата „Статично небо” прикажува приближни податоци за положбата и други параметри на телата. Во 2017 година ќе излезе уште едно, подетално издание.