Додик: Со опремување на српското воздухопловство се зголемува и безбедноста на РС

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик го поздрави јакнењето на српското воздухопловство, додавајќи дека со опремување на српската војска побезбедно се чувствува и Република Српска.

– За нас е мошне важно Србија да има моќ и сила да ја одбрани државата. Ние и веруваме на РС, но Србија е гарант на Дејтонскиот мировен договор. Во секој случај сметам дека долгогодишните напори на премиерот и добрите односи придонесоа тоа да заврши и можам само да им честитам на Србија и на премиерот за големиот успех, рече Додик за РТС.

За РС, како што вели Додик тоа е мошне добра вест имајќи ја предвид, како што рече, „зголемената констелација на нестабилноста во регионот“.

– Ние ја сметаме силата на Србија како гарант на стабилноста во регионот и земја од која зависи мирот во самиот регион, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он