Најновиот производ на германската компанија „Лиеб Мануфактур“, сместен во специјално креирано мермерно пакување, е најскапиот домино сет што чини 150.000 евра.
Секое парче е изработено од злато и декорирано со дијаманти, а со тоа „Домино Лиеб Мануфактур“ претставува пример за посветено внимание на деталите и вредноста на безвременската елеганција.
Сетот е составен од 28 домини парчиња, со тежина од 2,4 килограми, изработени од чисто злато и 168 дијаманти.
Секое домино е направено по мерка од високо квалитетно 18-каратно злато и декорирано со дијаманти кои го даваат завршниот сјај и фантастичниот визуелен изглед.