Музиката ги спои младите од различни етникуми во Струга

Од:

Преку музика, песна и игра младите во Струга од сите етнички заедници докажаа дека нема етнички бариери меѓу учениците на културно-забавниот настан „Заедно за Струга – со музика, песни и игри“ што синоќа се одржа во Струга во организација на Локалната агенција за развој и граѓанската организација „Креативни и активни“.

Настанот е дел од проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел, според координаторот Катерина Василевска, е да им овозможи на луѓето од југозападниот регион да ги ценат различностите.

– Целта е да ги собереме луѓето на едно место за различни активности, да прават заеднички работи во кои ќе уживаат и ќе се создаде една позитивна енергија во југозападниот регион. Градот располага со многу што може да се прикаже во јавноста и се надеваме дека училиштата ќе продолжат и во иднина да организираат вакви настани, рече Василевска.

Ардита Истрефи-Илијази од здружението „Креативни и активни“ посочи дека целта е да се поттикне меѓуетничкиот соживот во југозападниот дел од Македонија.

– Најдовме солидна соработка меѓу етничките групи и таа соработка се зајакнува. Децата и родителите да се вклучуваат во вакви настани, бидејќи музиката и другите настани не се бариера за соживот во овој регион, порача Истрефи-Илијази.

Во рамките на проектот формиран е мултиетнички хор, кој ги обединува средношколците од различни етнички групи.

– Во хорот пеат ученици од македонска и албанска припадност. Настапивме со три точки, односно по една македонска, албанска и англиска песна, информира Алтин Зиба, раководител на музичката паралелка во Струга.

За професорот по музичко во Основното училиште „Јосип Броз Тито“, Климент Јанкоски ваквите настани треба да станат пракса, бидејќи се дружат учениците од различни етникуми во градот и околината.

– Првпат имавме можност да настапиме со други училишта и да се претставиме како и колку работиме на поле на музиката. Одата на радоста ја избравме, бидејќи во еден дел таа не поврзува сите, сепак Македонија е мултиетничко општество, истакна Јанкоски.

Проектот „Декада на припадност – Славење на различностите ќе се реалиира во наредните три години со финансиска поддршка од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга